Конверенција на водечките македонски даватели на услуги за активен туризам
Водечките македонски даватели на услуги за активен туризам Diving Center Amfora, SUP Club Ohrid, Su Hotel, Еко Градина Балаклија, тур операторите Touring Macedonia, Компас и компанијата Wine Berry ги претставија своите понуди пред 140 тур оператури и хотелиери од соседна Србија со цел зголемување на туристичката размена помеѓу и , раст на бројот на ноќевања и развој на понудата на дестинациите во државата.
Во рамки на конференцијата, преку директни бизнис средби, претставниците на туристичкиот сектор на и , имаа можност да ја продлабочат соработката и да истражат нови потенцијални можности за дополнителна размена во полето на туризмот.
Исто така, со цел подобро запознавање со туристичката понуда дел од српските тур оператори ги посетија и малите семејни винарии на еднодневно информативно патување, реализирано во соработка со Increasing Market Employability – IME и Wine Berry.
Настанот беше организран од националната Turistička organizacija Srbije и Агенција за промоција и поддршка на туризмот.