@WineBerry во соработка со Швајцарската Програма Increasing Market Employability – IME спроведува активности за поддршка на малите семејни винарии во делот на винскиот туризам.

По извршеното мапирање на капацитетите на дел од семејните винарии од вардарскиот регион, утре на 24.01.2023 во Family Winery Maksimilijan ќе се одржи првата работилница со претставници на овие винарии. На работилницата ќе бидат презентирани можностите за поголема вклученост на семејните винарии за развој на локалните понуди за вински туризам, преку конкретни примери и споредби со други земји кои веќе имаат развиени планови и стратегии за заедничко презентирање пред туроператори, туристички агенции и мали групи на посетители.